Англискиот репрезентативец Рос Баркли решил да искористи слободен ден да скокне од Лондон до Ливерпул, ама таму во такси направил бербат со остатоци од храна, па одбил да плати глоба за чистење по што таксистот решил да викне полиција. На крај Баркли отишол до банкомат да извади пари за казната.
Три работи: прво, ова е такси паркингот на некојa поголема железничка или автобуска станица најверојатно во Токио; второ, не е вежба за парада; трето, сето ова се случува без наоколу на патролираат 18 полицајци како чувари на лавови.
Фабрис Апрузес денес има 33 години, но неговиот живот практично не е променет. Игра аматерски фудбал, се вратил на работа во една од најголемите поштенски компании во Марсеј и докажал дека љубовта и огромното самопожртвување можат да направат чуда.
Пресудата би можела да има подалекусежно влијание и да го разниша нецелоsно регулираниот свет на т.н. „гиг економија“, односно оној дел од пазарот на труд во кој луѓето работат како фриленсери, хонорарци или со краткорочни договори
Најпознатиот француски спортски новинар Пјер Менес раскажуваше кога последен пат го видел Тиаго Силва. Желба му било да го интервјуира капитенот на ПСЖ и бразилската репрезентација. Па во целиот разговор упадна и таксистот низ Париз.
Убер е монструозно порасната компанија која се занимава со алтернативен превоз на патници во кој се заобиколуваат таксистите. Ја има во Бугарија, наскоро ќе влезе во Хрватска, Србите имаат своја варијанта а колку што знаеме за овде, од Убер абер се нема.
Не е она класичното жалење, поплаки, грабеж, пцуење велосипедисти, па пцуење автобуси, па пцуење пешаци, туку дневната рута на таксистот. Од каде до каде вози, колку патници пренесува, колку добил бакшиш, колку вкупно заработил.
Техеран и Скопје имаат најмалку две заеднички работи - загаден воздух и тензичен сообраќај. Но техеранските уметници креативно го користат она што не можат да го променат. Во такси возила кои сообраќаат по одредена рута одржуваат по четири претстави на вечер.
Литванецот Владимир Романов кој ветуваше дека ќе го одведе шкотскиот клуб Хартс во Лигата на шампиони и во 2009-та година го спаси од банкрот кошаркарскиот клуб Жалгирис, тврди дека мора да и се врати на претходната работа, односно да вози такси откако се затвори неговата банка и тој го загуби целото богатство.
Во Њујорк се усвои нов закон кој на таксистите ќе им забранува да возат курви. Главен проблем - од кај да знае човек дали некоја è или само се така се носи.
Њујоршките таксисти побараа покачување на цената на таксито од 20%. Без навлегување во тоа што последен пат добиле покачување во 2004-та, а од тогаш бензинот блесаво порасна, еве како изгледа такси бизнисот во главниот град на светот.