Идејата е на стартапот Eyetease кој доби дозвола од лондонските власти во текот на следната година да ја инсталираат технологија за нивната услуга CabWifi.
Целиот проект се базира на "реклами-за-пристап" принципот по кој секој патник ќе треба да изгледа 15 секунди реклами за секои 15 минути ВиФи интернет. Математиката зад 15-те минути е дека толку е траењето на просечното возење во градот. Таксистите ќе имаат 24-часовен пристап до услугата, без да треба да гледаат реклами.
Таксито ќе се поврзува на интернет преку 3Г и 4Г мрежата во градот, а услугата ќе можат да ја користат само патиците.
Најголем ќар од целиот систем треба да имаат туристите, кои ќе можат на раат да сурфаат без да заглавуваат со големи сметки за интернет во роаминг.
Во Лондон веќе се нуди слична услуга во метро мрежата.