Во знак на протест десетици келнерки и шанкери облечени во нивната најсекси облека за излегување, се собраа пред градското собрание на Њујорк, да бараат повлекување на законот.
Девојките се жалеа дека заради законот таксистите навечер ќе бидат неволни да собираат девојки во миничи и високи штикли.
"Не ни знаат која е проститутка а која не е. Ние немаме некои маици по кои ќе можеш да кажеш дали си проститутка или не," објаснува 27 годишната шанкерка, која е загрижена дека по ноќните смени на работа нема да може да фати такси за дома.
По новите правила градската Комисија за Такси и Лимузини, ќе може да му ја одземе дозволата на возачот и да го казни со 10.000 долари, за прекршување на законот.
Проблемот на Њујорк е што добар дел од таксистите соработуваат со проститутките и ги делат парите во замена за превоз до некој клиент.