Годишен календар, не знаеме дали е редовен или инцидентен, ама барем е искрен. Искрен до гола кожа, многу повеќе отколку што кој било е заитересиран да види.
Тој со камерата би требало да е лиценциран таксист со дозвола за работа на аеродрoмот во Белград. Овие што ги снима и што го тепаат, бркаат и пцујат (онака сочно) се "дифтари." Плус, каква фора имаат за излегување од паркинг.
Њујоршките таксисти побараа покачување на цената на таксито од 20%. Без навлегување во тоа што последен пат добиле покачување во 2004-та, а од тогаш бензинот блесаво порасна, еве како изгледа такси бизнисот во главниот град на светот.
На илјадници граѓани на Скопје, без правење колони низ Центар и блокирање на сообраќајот, со текот на годините и поминатите километри, им се насобраа неколку барања до таксистите. До сите нив, и диви и питоми.