Шетајќи низ Лондон, Брансон бил збунет кога налетал на колона униформирани ученици, кои носеле идентични вратоврски, кои некако биле несекојдневно кратки.
"Го прашав нивниот учител што се случило со вратоврските? Тој ми одговори дека децата не сакаат да ги носат, ама мораат заради правилата на училиштето. Меѓутоа никаде во правилата не пишува колку треба тие да се долги, па ги исекле," раскажува Брансон.
Слично нешто Брансон најавил и за неговата нова компанија Virgin Money, која настана со купувањето на банката Нортерн Рок.
"Во британските банки ретко која работа е пострашна за муштериите од идејата да се соочат со банкар со вратоврска, во одело, седнат зад огромна маса од махагони. Па решивме да ги редизајнираме банките," објаснува Бренсон.
Самиот Бренсон е познат по тоа што речиси никогаш не носи вратоврска, освен ако тоа не е некој ултра формален повод. Тој смета дека самата идеја за вратоврски е застарена.
"Оделата и вратоврските се уште еден тип на униформа, но во простор во кој униформите повеќе немаат никаква корисна цел. На времето тие веројатно покажувале дека човекот што ги носи, може да купи и да одржува релативно скапо парче облека. Сега, во денешно време, твоите успеси зборуваат за тебе. Оделото и краватата се анахронизам," порачува првиот човек на Вирџин.
Според него, најголемиот чекор во падот на официјалниот дрес-код, сосема неочекувано се случил во политиката, кога политичарите обидувајќи се да му се приближат на народот, почнале да се појавуваат во релаксирани варијанти.