После 4 годишна политичко - процедурална битка, екологистите во Лос Ангелес успеаа да ја протуркаат идејата за забрана на пластичните ќеси во сите продажни места во градот.
Забраната се однесува на околу 7.500 објекти кои ќе имаат 6 (големите) односно 12 месеци (малите дуќани) за да се прилагодат на новата одредба.
Порадикалниот план за забрана и на хартиените ќеси не успеа но затоа тие ќе мора да се наплаќаат по 10 центи.
Претставниците на пластичната индустрија кои носеле маици "Don't kill my job" не успеаа да го предомислат градскиот совет кој со големо мнозинство ја изгласа забраната.