Сексуален живот во 100 чекори

Оваа пролет може да се искористи за локални кладби на машки друштва седнати по Илинденска, ГТЦ и другите корза во земјава. Предизвикот е: можете ли по начинот на кој некоја девојка оди да дознаете каков сексуален живот има таа? Белгијци можат.

Истражувачи од Белгија гледале видео клипови од жени како одат и речиси непогрешливо можеле да кажат дали субјектот си приуштува редовни оргазми.

Биле снимани жени од две различни групи, едни жени без и други со редовен и исполнет сексуален живот. Видеата им биле пуштани на сексолози кои немале увид во нивната сексуална историја па сепак, со голема прецизност можеле да кажат која жена во која група припаѓа.

Врската меѓу редовните сексуални задоволства и целокупното ментално здравје одамна е воочена. Овојпат истражувачите сметаат дека првото има некаква врска и со благотворно влијание врз тонусот на мускулите, оттаму и утврденото сознание дека чекорот на жената ја крие (поточно, ја издава) тајната на нејзиниот сексуален живот.

1 јуни 2012 - 10:57