
Испитаниците во истражувањето читале за три типа жени: оние кои изгубиле по триесетина килограми и потоа ја одржале килажата, жени кои постојано се слаби и жени кои константно се дебели.
На "испрашувањето" испитаниците повеќе имале предрасуди против дебелите жени, откако прочитале за жените кои ослабеле и ја задржале килажата. Ова важело дури и во случаи кога жените што ја задржале килажа биле се уште дебели (пример, кога ослабеле 5 килограми, а им требале 20).
Што се однесува до слабите, оние кои некогаш биле дебели па симнале килажа биле перципирани како помалку атрактивни од оние кои од секогаш биле слаби, дури и покрај тоа што сега биле иста висина и тежина.