Од јули 2012. цената на пола литар вотка ќе порасне за речиси 30% од просечните 98 рубљи (3,06 долари) на 125 рубљи (3,90 долари).
На истиот ден со покачувањето, властите планираат да почнат и со засилена наплата на данокот на алкохолни пијалаци. Пред да ја покачат минималната цена на вотката, во текот на годинава на два пати беше зголемен данокот на етил алкохол, па од 232 рубљи за литар етил алкохол на први јануари, во втората половина од годината данокот треба да порасне на 300 рубљи за литар.
Инаку, веќе одамна постои една "школа" според која Кремљ никогаш нема да преземе нешто екстремно за контролирање на алкохолизмот во Русија, бидејќи сите владетели претпочитаат нивните поданици да бидат во состојба на блага опиеност.