300 угледни американски екомомисти меѓу кои и тројца Нобеловци потпишаа петиција со која бараат Барак Обама да посвети целосно внимание на наодите на нивен колега дека легализацијата на марихуаната може да и заштеди огромни пари на државата.
Обвинетата: Друже судија, собирав бонови за храна затоа што бев невработена. Обвинителот: Ама доби ли во кеш 735.000 долари на лотарија? Обвинетата: Па, да.
Американскиот музичар доби судска наредба да врати 4 милиони долари на еден производител на парфеми затоа што не ги исполнил обврските да ги промовира нивните производи.
Ужаснати од проекциите дека до 2030 година речиси половина нација ќе влезе во категоријата дебели, британските лекари ја обвинија владата за млитава политика за справување со овој проблем и побараа неколку радикални решенија.
Неколку десетини илјади жители на Баку имаат причина да ги мразат Ели и Ники, минатогодишните победници на Евровизија заради кои главниот град на Азербејџан годинава ќе биде домаќин на приредбата.
Последните податоци за нивото на јаглерод диоксид во атмосферата покажуаавт дека тое е идентично со периодот кога наоколу немало баш толку ауспуси и фабрички оџаци - пред три милиони години.
На времето: маж бега на балкон и бара помош од полиција бидејќи сопругот дошол порано дома. Сега: маж бега на балкон и бара помош од полиција бидејќи жената сака уште секс.
Организаторите на Лондон 2012 го прашале менаџерот на The Who, дали и Кит Мун ќе свири со бендот на церемонијата на затворањето. Тие што сфатија што глупост побарале нека продолжат со читање. За другите не е ни битно.
Америка има проблем со Мексико, ЕУ има проблем со секој што не е ЕУ, Грција има проблем со сите што и се во близина, а Русија има проблем со - астероиди.
Економските аналитичари наидоа на симптом дека американската економија полека закрепнува: луѓето сè почесто даваат отказ и ги напуштаат своите работни места.
Налик сцената од Матрикс кога во Њујорк нема жив човек, француските фотографи Луси и Симон претворија некои од најпрометните места на светот во пусти пејзажи, и тоа со техника на НАСА.
Соочена со опасност од избивање скандал околу фотографијата од која се гледа дека Патријархот носи ужасно скап часовник, Руската Православна Црква беше принудена да издејствува чудо: часовникот да изчезне од сликата! И потоа пак се појави!
Бидејќи архитектурата во последниве години го замени таксирањето како резервно занимање на Македонецот (тоа што си бербер не значи дека не си и Гауди), да си го провериме вкусот со топ листата на Деjли Телеграф од 21 најгрда градба на светот.
Градиме сè поголеми куќи кои сè помалку ги чувствуваме како свои домови, заклучила една двојка од Колорадо и решила да го изгради својот дом од соништата - на 11, 6 квадратни метри.
Американците земаат сè помалку лекови, сè поретко одат на лекар и сè помалку се јавуваат на Брза помош. Не затоа што се сè поздрави туку затоа што се сè посиромашни.
Минатата година на "амбиент адвертајзинг" (рекламирање на кутии за пица, влезници за кино и слично) биле потрошени 630 милиони долари. Ова е сума која се очекува да расте.