Убедливо најголем удел во исхраната со над 270 килограми годишно, имаат млечните производи (ова не вклучува сирења / кашкавали).
На второ место е зеленчукот, од кој Американецот во просек јаде по 188 килограми годишно (ова подразбира зеленчук во секоја форма, пржен, варен, во бургери...), а на трето со 124 килограми е овошјето.
Во годишната диета на Американците има и по 64 килограми најразлични засладувачи (од пченкарен сируп, до вештачки засладувачи од типот на натрен и сл.).
Од вкупно 90 кг. месо што ги јаде просечниот Американец, 50 отпаѓаат на свинско, телешко, јагнешко, 33 кг. се од пилешко и живина, а само 7 се од риба.
Во една година, еден Американец ќе изеде и 11 кг. сладолед, 1,2 кг. сол, и ќе испие околу 200 литри најразлични верзии на газирани сокови.