Колку треба за Њујорк?

Дури и да продолжат со исто темпо и да заработуваат по 700 милиони долари неделно, на Avengers пак ќе им требаат повеќе од 2 години за да ја исплатат целата штета што ја направија во Њујорк.

Кога уништувањето во филмот би било реално, штетата би изнесувала (заокружено) 160 милијарди долари.

Бројката е процена на компанијата Kinetic Analysis Corporation, која "користела компјутерски модел за предвидување на уништувањето од нуклеарно оружје и заклучила дека физичката штета од (вонземската) инвазија би била 60 до 70 милијарди долари, а економската штета и расчистувањето би биле дополнителни 90 милијарди."

За споредба, не така филмски катастрофи, како 11-ти септември го чинеше Њујорк, Вашингтон и Пенсилванија околу 83 милијарди долари, а ураганот Катрина на заливскиот регион му нанесе штета од 90 милијарди долари.

10 мај 2012 - 10:14