Најдобра реклама на годината е...

BBDO NY е агенција на годината, Ogilvy & Mather е прогласена за најдобра мрежа а мексиканскиот ресторан Chipotle e најдобра видео реклама на годинешните Clio награди за адвертајзинг и дизајн.

За најиновативно искористување на медиум е прогласена кампањата на Memac Ogilvy Label Tunis, која требаше да ги натера гласачите од Тунис да излезат на избори. Во категоријата "Content & contact" (нешто како ангажирање на публика) главната награда ја добија Хајнекен, Hot Weels и една њујоршка организација за помагање на бездомниците.

Рекламата "Grrr" на Хонда, изработена од Wieden+Kennedy London е новиот член Халата на славните.

Фолксваген е прогласен за адвертајзер на годината, а Smuggler за рекламите за Конверс и Аир Џордан e продукција на годината.

За кампањите за ФедЕкс, ХБО, АТ&T и Проктер и Гембел, BBDO Њујорк ја доби наградата Агенција на годината. Додека за работата на сите нејзини "филијали" низ светот Ogilvy & Mather се прогласени за Мрежа на годината.

тука целиот список по сите категории

17 мај 2012 - 10:52