Американската армија немала проблем со нордискиот полубог, со обичниот човек што се трансформира во зелено чудовиште и со вселенската инвазија, но никако не можела да пројде преку нерешената хиерархија.
"Не можевме да се помириме со нереалноста на оваа организација и нашето место во неа. На кого му одговара S.H.I.E.L.D? Дали ние работиме за S.H.I.E.L.D или? Заглавивме на овој проблем и решивме дека ништо не можеме да направиме," изјавил преставникот на Министерството за одбрана за односи со Холивуд.
Претходно Пентагон немаше проблем со хиерархијата, и несебично го помогна снимањето на АјронМен. Подеднакво веројатно и хиерархиски средено за Пентагон беше и филмот Battleship, во кој морнарицата се бореше против вселенската инвазија.