Како дел од годинешната прослава на Националниот ден на деколтето, компанијата Вондербра избра 10 жени кои ќе бидат први членови во Вондербра деколте Хала на славните.
Два дена по премиерата ХБО инстантно им го продолжи договорот на Игра на тронови за уште неколку сезони. Кратко по ова, серијата речиси ги собра сите пофалби од критичарите, но заглави ниско со рејтинзите. Како серија со толку мала публика успева да извади пари?
Главниот проблем со годинешниов 1-ви април е што се падна во недела, па најголемиот дел од брендовите не можеа да ќарат на масовна виралност на измамите што ги спремија. А не дека немаше.
На денешните мајки во просек им требаат 2 часа повеќе за да се породат отколку на мајките во 1950-та година. Запоставувањето на овој факт води кон пребрзо применување на царски рез.
Карл Лагерфлед важи за еден од најексцентричните но и најсуетни луѓе во светот на модата. Кога пулицерова новинарка оцени дека е преценет, тој возврати дека не чул за неа а нејзиниот Њузвик го нарече "мало посрано весниче". Претходно ги навредуваше Адел, Хајди Клум, Русите, Грците...
15 години откако се одјави од етерот оригиналната хумористична серија Married With Children (Брачни води), Бугарија реши да сними своја верзија на Ал Банди и неговото семејство. Некои американски фанови на серијата се ужаснати од вакво сквернавење.
Од сите медиуми кои го поседува, весниците се омилен сегмент на Руперт Мурдок. Од сите медиуми кои ги поседува, весниците се трети по заработувачка. Во 2002-ра, беа први.
Најмоќниот весник во Велика Британија има 4,5 милиони читатели дневно, достига до 4 пати повеќе луѓе од Гардијан, и сето тоа додека е посериозно сфатен од единствениот весник кој се продава подобро од него, The Sun.
Долгиот и обично таинствен процес за бирање на нов архиепископ на Кентербери, овој пат ќе им биде препуштен на следбениците на Англиканската црква... на Твитер.
Кон крајот на 2010-та цел свет беше вчудовиден кога од никаде еден пензионираниот електричар објави дека поседува 271 претходно невидени слики од Пикасо. Од каде овие слики?
Иако веста доаѓа од наjдoбрите производители на лажни вести во светот, овојпат не е фејк: The Onion се сели во Чикаго а притоа може да изгуби добар дел од својата лутина.
За чудо, постоат бројни студии кои ги испитувале факторите од кои зависи темпото на пешачење во различни населени места. Заклучоците се речиси еднозначни - сè е во економијата.
Од Вуди Ален до Жижек, сè на сè 290 уметници, мислители, писатели, режисери и останат кулурен крем, во прво лице еднина, било со звук, било со видео. Мезете.