Во интервју за Њујорк Тајмс, Камерон зборува за пробивањето во кинеската филмска индустрија и за неговите идни проекти.
"Не сум заинтересиран да развивам било што друго. Јас сум во бизнис со 'Аватар.' Ги прават 'Аватар 2,' 'Аватар 3,' 'Аватар 4' и нема да продуцирам филмови на други луѓе. Иако ова може да звучи малку ограничено, ама поентата дека во рамките на 'Аватар' можам да кажам се што имам потреба да кажам, во однос на состојбата на светот и што сметам дека треба да се преземе," изјавил Камерон.
По неговите предвидувања, следното продолжение на Аватар не треба да го очекуваме пред 2015-та. Само изминатите година и пол, тој ги потрошил на развивање на софтверот потребен за филмот и на студијата и околината за идните продолженија.