"Многу сакаат да зборуваат. Сакаат да зборуваат за децата, за приватните училишта, за нивните шефови, за бонусот, за пријателот што ги тепа на сквош. Јас не ни знам што е сквош. Зборат, зборат, зборат, како нивните животи да се потешки од мојот и како јас да не сум таа што има секс за пари со нив," пишува 28-годишната девојка.
Таа започнала со бизнисот кога се преселила во Њујорк заради тоа што и требале пари. Прво почнала да работи по 3 дена во неделата, потоа зголемила на 5, за на крај да почне секоја вечер да прима клиенти.
Во просек нејзината дневница се движела меѓу 1.500 и 2.000 долари од час. По неколку месеци целата работа станала напорна, пред се заради егото на муштериите.
"Тие имаат големо его и се големи бебиња. Ако на кој било начин покажев дека тие не се најдобрите љубовници или дека нивниот пенис не е најголем што сум го видела во животот, веднаш почнуваа да прашуваат прашања и да ме навредуваат," објаснува девојката.
Она што таа сака да им порача на сите е дека: "всушност вие сте навистина мали и не сте добри во кревет."
"Еден менаџер на глобална инвестициска банка сврши во пантолони, уште кога го откопчував. Тоа беше незгодно. Претходно се утепа од зборење колку бил добар во кревет. Кога се случи ова, тој полуде. 'Ова никогаш не ми се случило, мора нешто да си ми направила,'" се сеќава девојката, во текстот што го напиша за БазФид.
Од целото ова искуство, таа за сега заклучила дека никогаш нема да се мажи.
"Сама сум и не знам дали некогаш ќе се омажам, откако спиев со толку мажи во брак, повеќе отколку што можам да се сетам. Сега баш и немам верба во бракот," објаснува девојката.