Фереро САД ќе треба да одвои 3 милиони долари, откако ја изгуби тужбата против Атина Хохенберг. Мајката од Калифорнија поднесе тужба откако "се изненадила и вознемирила кога открила дека Нутела не е 'здрава и хранлива' туку дека има хранлива вредност како чоколадо."
По тужбата Фереро треба да исплати по 4 долари за секоја продадена тегла Нутела во Калифорнија од 2009-та и за секоја Нутела продадена во САД од 2008-ма.
Фереро и претходно беше прозиван по слична основа, кога ги прекрши британските правила за рекламирање заради тоа што премногу ја нагласил улогата што Нутела ја игра во балансираната исхрана на децата.