Кучињата спакувани во 156 кафези товарени на камион, биле забележани од повеќе возачи на еден локален автопат, кои веднаш ја рашириле веста за товарот на Веибо (кинеската верзија на Твитер), по што камионот бил запрен од полицијата.
Камионот завршил во локалната полициска станица, каде почнале да се собираат љубители на животните за да им помогнат на кучињата.
Заради лошите услови во кои биле превезувани, голем број од кучињата биле мртви извадени од кафезите. Волонтерите речиси цела вечер ја минале во хранење и негување на кучињата кои преживеале.
"Беа натискани еден до друг. Во кафезите имаше по седум до осум кучиња," изјавил еден од активистите.
И покрај тоа што се уверени дека кучињата биле наменети за ресторани, полицијата не можела ништо да му направи на возачот бидејќи транспортот бил легален, а тој ги имал потребните дозволи.
Освен во Кина, и во 10 други земји низ светот се јадат кучиња: Индонезија, Кореа, Мексико, Филипини, Полинезија, Тајван, Виетнам, Арктик и Антарктик и два канони во Швајцарија.