А можело и вака?

Иднината може да биде и сега

Компанијата на иднината постои, заработува еден тон пари и стварно добро функционира, и таа не ниту Гугл, ниту Епл, ниту Фејсбук.

Компанијата е Валв. За тие што не знаат што е Валв, луѓето прават игри за компјутери. За тие што не знаат што е работата, на интернет се појави нивниот Прирачникот за нови вработени.

Прирачникот открива дека во компанијата всушност нема менаџери, туку дека секој вработен може да одбере на кој проект ќе работи, а оној што го води проектот нема никаква менаџерска улога, туку преставува центар за информации околу проектот и го следи неговиот развој.

Што се однесува до прекувременото работење, ставот на Валв е "Ок е да се работат дополнителни работни часови пред пуштањето на некој голем проект. Но ако постојано останувате вон работното време тоа е сериозен знак дека нешто не е во ред со компанијата."

Во прирачникот веројатно најголем акцент се става на вработувањето на правите луѓе:

"Хиерархијата е одлична за одржување на предвидливост и репетитивност. Таа го поедноставува планирањето и ја олеснува контролата на големи групи луѓе од врвот надолу. Заради ова воените организации толку многу се потпираат на неа.

Кога си компанија за забава која последната декада ја минала изнаоѓајќи нови начини за ангажирање на најинтелигентните, иновативните и талентирани луѓе на Земјата, да им кажеш на истите да седат на биро и да прават што им е речено, само ќе ја уништиш 99% од нивната вредност.

Можеби премногу е да се бара од ригидните хиерархии на другите компании што прават игри, да направат драстична промена и да го прифатат овој хипи начин на водење на бизнисот, но не би требало да биде премногу за овие компании да почнат да ги третираат своите вработени како возрасни. На крајот, кога вработуваш некого тоа е знак на доверба. Проширија таа доверба на секој аспект од позицијата."

На страна правилата, Валв има и навики како годишни одмори за сите вработени и нивните семејства. Објаснувањето зад гестот е дека вработените ја носат својата работа дома со себе, што влијае и на нивните семејства.

Во прирачникот, Валв признава дека има и недостатоци како "раширување на информацијата низ фирма," и "правење на предвидувања за подолго од неколку месеци."

комлетниот прирачник

28 април 2012 - 18:14