Меѓу пријатели од различни полови често постои сексуална привлечност, без разлика што тие се убедени дека односот им е платонски, порачува едно канадско истражување на 400 возрасни лица.
Утврдено е дека во машко-женските пријателства, сексот секогаш постои како опција првенствено заради незадоволството од моменталниот љубовен партнер.
И, кон секс почесто им забегува паметот на - погодувате - мажите.
"Тоа е така затоа што платонскиот концепт е релативно нов во историјата на човекот. Мажот и натаму е воден од неговите природни инстинкти за парење," вели водачот на истражувањето.