Пријателството е дискретна работа, многу приватна и настрана од секоја јавност. Пријателот мисли и се грижи. Пријателот е тука кога човек е на мака, од животот и од проблеми. Има школа на мислење која упорно тврди дека машко и женско не можат да бидат пријатели. Моето искуство вели дека можат, и тоа како. Дури и ако им се случило да се опнат, верувајте.