За квалитетно другарство ти треба душман

На подлабоко ниво од живели, брат, имаш 100 евра до понеделник, во коренот на секое добро пријателство се наоѓа заеднички непријател.

Заклучокот се базира на една неодамнешна студија на Универзитетот на Мичиген, во која испитаниците требало да стојат надвор на ладно и да читаат. Четивото било за пешак кој опишан или како „левичар, демократ што е про-геј права“ или како „десничар, републиканец што е анти-геј права“.

Запрашани дали на хипотетичкиот пешак исто така би му студело, испитаниците било поверојатно да одговорат со да ако протагонистот имал идентични политички гледишта како нивните.

„Со цел да се зближиме, потребен ни е заеднички непријател. Можно е и луѓето надвор од групата да се третираат со умерена антипатија, меѓутоа создавањето на дистинктивност на групата не мора да значи дека сите други треба да бидат убиени,“ ги објаснува резултатите др. Николас Кирстакис од Универзитетот Јеил.

Она што знае да измрда во целата работа (има празно место, ама го чувам за другарот), е пријателството да не биде возвратено (односно другарот да го чува местото за некој трет). Во студија спроведена од МИТ, од група испитаници се барало да кажат кој им е другар, во речиси половина од случаите тие што биле наведени како другар не возвратиле со иста мерка.

Сосема одделна студија од Оксфорд, покажува дека пријателствата се изненадувачки фрагилни и дека луѓето се оддалечуваат со членови на нивното социјален круг еднаш на секои 7,2 месеца, или речиси 2 пати годишно. Се проценува дека околу 40% од овие разделувања никогаш не заздравуваат.


Да не заборавиме на едно никогаш непрежалено пријателство:

17 април 2018 - 16:03