Моментот кога веќе се стемнува, а нерешено е и мора да ја решите, па испотени и жедни си викате: „Кој дае гол победник“, и играте уште саат време дур не свирне од горе стариот и рече: „Качувај се горе, јас да не се симнам“.
Карлос Жуниор навива за Бразил со цело срце. Тој ги гледа натпреварите на „кариоките“ со помош на своите другари. На дуелот со Костарика еден од другарите го држи Жуниор за раце и на мини-теренче му ги покажува комбинациите на Бразил кога Кутињо даде гол а другиот му дава тапанче да прослави.
Ѕвездата на Челси, Немања Матиќ никогаш не ги заборавил своите другари од детството од селото Врело во Србија. При секое враќање дома, влегува во коперацијата и од продавачката бара да му ја даде тетратката со долгови за да ја плати цела.