Родителите на сопственикот на Фејсбук не ни помислуваат да се откажат од забарската ординација која ја имаат отворено од 1987-ма година. "Работата ја сакаме како наше бебе, исто како што ги сакаме Марк и другите наши деца", гордо вели таткото Ед Закерберг, познат како 'Painless Dr Z'. Тој ја води ординацијата сместена во нивната куќа додека неговата жена седи на рецепција.
Расфрлањето не е обичај на оваа фамилија. Родителите на Марк Закерберг сè уште живеат во истата куќа, со горе долу истиот мебел како и пред 20 години.
Ги немаат ни пипнато акциите кои им ги подарил Марк како благодарност што му помогнале да ја стартува идејата за Фејсбук. Моментално, акциите им вредат 60 милиони долари.
Вкавата семејна скромност важи и за самиот Марк, кој еднаш беше прогласен за "најсиромашниот богаташ на светот" затоа што наспроти сите милијарди кои ги има, живееше како студент под кирија.
Едната сестра на Марк работи како продукт менаџер во маркетинг фирма, другата пишува блог за храна и подготвува докторат а само третата сестра направи обид за промена на кариерата па го напушти местото во Фејсбук и отвори своја компнија за социјални медиуми.