Покрај регуларните поплаки BBFC редовно добива комплетно сулуди забелешки од гледачите. Следниве, навистина се случиле:
"Не ми се допаѓа Даниел Крег"
По промоцијата на суровиот Бонд во "Казино Ројал," еден од гледачите им пишал на BBFC за да им се пожали дека Даниел Крег не му се допаднал и барал да биде вратен Шон Конери. Истиот лик исто така тврдел дека "Двете девојки билe најлошите и нај непривлечните партнерки" што кога и да е се појавиле во филм за Бонд.
"Пижамите беа премногу чисти"
Во 2006-та, филмот "The Boy In The Striped Pyjamas" добил забелешка дека "пижамите" (логорските униформи на Евреите) во филмот биле премногу "чисти" и "испеглани" и дека тоа претставувало прочистување на Холокаустот и навреда за преживеаните.
"Децата премногу често одеа во тоалет"
Неколку возрасни што во кино го гледале "Pirates Of The Caribbean: Dead Man's Chest" се пожалиле дека децата биле премногу гласни, плачеле и цело време оделе во тоалет.
"Другарка ми се онесвести"
Додека го гледале хоророт "Eden Lake," еден загрижен гледач збеснал затоа што филмот бил толку страшен што неговата партнерка се онесвестила додека го гледала.
"Џуди Денч никогаш не треба да пцуе"
Филмските фанови секогаш се ужаснати кога Денч ќе опцуе на филм. Без разлика дали е на Бонд или во друга улога, од BBFC признаваат дека секој пат добиваат жалба кога таа ќе опцуе.
"Лош филм"
Разочараните гледачи на "Disaster Movie" му се пожалиле на BBFC дека требало да бидат предупредени дека филмот е лош.
"Пуканките беа премногу скапи"
Според BBFC една од честите жалби е за висината на пуканките или колку чини да се оди на кино.