Планот за спасување на градбите почнува со аукција. Откако новиот стопан ќе победи на аукција, тој ја добива зградата на 49 години. Се додека не го реновира објектот, кираџијата ќе плаќа полна кирија по пазарна цена. Откако ќе заврши реновирањето, киријата се спушта на 1 рубља за метар квадратен.
Градежните компании проценуваат дека реновирањето на старите згради би чинело некаде помеѓу 2.500 и 10.000 долари за метар квадратен. Ако се земе во предвид пазарната кирија за овие објекти, комплетната реставрација би вредела меѓу 4 и 15-годишни кирии.
За новите сопственици да ја добијат повластената кирија, реновираната зграда ќе треба прво да ја мине инспекцијата на градските власти и да добие сертификат за завршена реставрација од градската комисија за наследство.
На првата аукција се пријавиле 20 учесници кои се натпреварувале за 3 згради, чија годишна кирија се движи меѓу 470 и 682 илјади долари.
Новите сопственици, ќе треба киријата за првата година да ја уплатат однапред.