Земја на осаменото изгрејсонце

За првпат во досегашната историја, просечниот број луѓе во еден дом во Токио падна под 2. Осаменоста станува норма во јапонското општество.

Со векови сметано за традиционално, со посебен фетиш кон семејните вредности, јапонското општество станува општество на изолиранипо поединци.

Демографите проценуваат дека до 2020-та година, доминантен начин на живот ќе биде да се живее сам, иако и денес, за првпат во историјата, статистички е утврдено дека во просечен дом во Токио живеат помалку од двајца луѓе.

Семејството и блиските односи со соседите се заменети со новиот фетиш - комплетна заштита на приватноста па многу луѓе во Јапонија умираат без тоа да го забележи некој.

 

 

29 април 2012 - 08:09