Никогаш нема да треба да одбираш меѓу два феноменални мажи (или жени) кои подеднакво те сакаат ама на комплетно спротивни начини. Едната нема да биде бринета, и другата нема да биде блондинка, затоа што или сакаш блондинки или сакаш бринети. Едниот нема да биде ловџија а другиот пекар, и едниот нема да биде храбар и силен и твој најдобар пријател, додека другиот безусловно те сака. Никој од нив нема да сака да те убие, освен ако не се жалиш што пак не го фрлил ѓубрето, ама и тогаш, само фигуративно. Ниту пак ќе треба да одбереш меѓу прекрасен и перфектен дечко/девојка и неговиот/неговата досадна перфектна најдобра другарка/другар. Најверојатно ќе ги толерираш ужасните најдобри пријатели кои секогаш кажуваат глупи вицови или зборуваат за шопинг, затоа што твојата омилена личност всушност го обожава тој човек, и уште поважно кога ќе фатиш да збориш нешто против "најдобриот" твојот љубен/а е многу веројатно дека ќе се напне.
Нема да најдеш некој 10 години откако си го запознал ама не си му го дал бројот, бидејќи тогаш си бил чуден и ексцентричен и си верувал во судбина. Нема да можеш да ги најдеш користејќи стара сметка, тие нема магично да се појават на лизгалиштето токму кога се спрема да снежи. А дури и ако се појават, дури и ако твојот блесав пријател успее да ти ја најде оваа личност, од тогаш ќе има поминато 10 години а ти си ги сретнал само еднаш и ќе биде чудно и ти многу брзо ќе почувствуваш дека врската што сте ја имале сите овие години, всушност исчезнала. Сега и двајцата сте постари и имате различни вредности. Ќе сфатиш дека ако те интересирале пред една деценија, дека си требал тогаш да им го дадеш глупиот телефони и дека до сега ќе сте се имале слушнато.
Никогаш нема да има брканица во последен момент, затоа што додека ти се качуваш на авион за Дубаи / Лондон / Њујорк твојот љубовник, бивш љубовник, најдобар другар, само што сфатил дека направил страшна грешка и дека на тој или таа си му бескрајно потребен. Тој сигурно нема да те сопре да се качиш на авион, а уште посигурно тој нема целиот задишан да се качи на авион. Многу поверојатно, ако твојот љубовник сака повторно да те види по летот за Сингапур, тој ќе ти напише меил или ќе те бара на Скајп. И тоа веројатно ќе биде неколку месеци откако си заминала и кога си почнала да се гледаш со некого, бидејќи поранешните љубовници имаат осет за такви работи. Може ќе те убеди да се вратиш, може нема. Ама тој сигурно нема да се појави кај тебе пред врата, без да ти каже дека доаѓа.
Никогаш нема да се заљубиш во курва со златно срце, или ако ти си таа курва, тој што го посакуваш нема да се заљуби во тебе, а уште помалку ќе биде богат бизнисмен и многу фин човек, кој те носи на шопинг, те средува и те запознава со своите долгогодишни пријатели.
Твојот другар нема наеднаш да сфати дека те сака. Тој нема да има романтично откровение во кое му текнуваат одличните, ненамерно секси моменти што сте ги имале заедно. Ако со години и години го имаш овој пријател и тој не покажал интерес тогаш тој или е геј или стварно не е заинтересиран за тебе. Како и да е, тој нема да се појави пред твојата куќа на најголемиот дожд и да ти раскаже приказна за нешто што се случило кога сте биле деца, и нема да држи непријатен говор пред сите. Исто така, нема да има ниту џез музика.
Твојата свадба нема да биде прекината на олтарот кога ќе прашаат дали некој има да каже нешто против овој брак. Ако некој не се согласува со ова, (а секако некој некаде има против) тие никогаш ништо нема да кажат додека бракот не се распадне, многу години подоцна, кога таа личност ќе ти признае "Никогаш не го сакав." Плус, оваа личност е многу поверојатно да ти биде некоја роднина, отколку некој што толку време ги криел своите чувства од тебе. Дополнително, нема да бидеш организатор на свадби што се заљубил во својот клиент, или ескорт што се заљубила во својот клиент, или клиент што се заљубил во ескорт, и секако нема да се земеш со некој што си го запознал на свадба или на погреб.
Тоа битангата што те затрудни? Малку е веројатно дека тој ќе се промени и дека одеднаш ќе стане прекрасна личност. Ама, никогаш не знаеш.
Нема да се заљубиш во некој со кој постојано се расправаш, без разлика дали тоа е соседот или колега или автор во списание. Ако се расправаш цело време со некого, тоа значи дека не се трпите еден со друг, и дека не треба да се гледате.
Нема да има - си живееја среќно засекогаш. Може ќе има среќно понекогаш. Во најдобар случај, престанете да верувате во тоа што го гледате во романтичните комедии.