За разлика од последната Олимпијада, сега БиБиСи барем нема да мора да плаќа за авионски карти за екипажот. На Пекинг 2008-ма, од 493-ти члена кои работеа за БиБиСи, телевизијата го плати авионот за 437 од нив.
Директорот на БиБиСи за Лондон 2012-та, бројката ја оправдува со тоа што на олимписките игри БиБиСи ќе треба да покрива четири пати повеќе тв канали и дополнителни радио станици, отколку што тоа било во Пекинг. Освен тоа, речиси за два пати ќе се зголеми бројот на часови што треба да се покријат.
Планираниот пренос на БиБиСи веќе вклучува 24 дигитални ХД канали, нови но привремени дигитални радио станици и продукција на 33 часови програма на ден, за редовните канали на куќата, како БиБиСи 1,2 и 3.
За споредба тој го споменува преносот на ЕнБиСи од претходните Олимпијади, за кои биле ангажирани 2.800 лица, или преносот на Скај Спорт од последното финале на Лигата на Шампиони на Вембли, на кој работеле 380 лица.