Професорот Еран Бен-Јосеф од МИТ во својата нова книга, тврди дека само во САД паркинзите зафаќаат површина од 12.000 километри квадратни или од прилика колку половина од територијата на Македонија.
Во "ReThinking a Lot" професорот тврди дека е потребно паркинзите да бидат "одговорни кон околината" и "естетски пријатни."
Подобар дизајн
Ретко која катна гаража ќе ве воодушеви со својата архитектура или дизајн, како што тоа му успеало на Ерик Куне. Архитектот на трговскиот центар Блувотер во близина на Лондон, објаснува дека нема оправданиве за "безбојни паркинзи," кои тој ги објаснува како "подмолни."
"Во Блувотер има по две дрва на секои три автомобили и ние избравме дрва кои даваат силно бели цветови на пролет и светкави лисја на есен. Паркинзите се претворија во мориња од боја," раскажува Куне.
Негова забелешка е што "дизајнот на паркинзите често е површен и срамен, а може да им врати голем дел од убавината на градовите."
Користење на нова технологија
Првиот паркинг е направен во Лос Анџелес во 1917. од младиот италијански имигрант Ендру Пансини. До тогаш колите се оставале било каде, слично како коњите. Првиот механизиран паркинг е направен во 70-те. во Токио.
Роботскиот систем за паркирање е скап за инсталирање (оној што беше инсталиран во The Cube во Бирмингем чини 2 милиони фунти) но дозволува подобро "пакување" на автомобилите во помал простор.
Други решенија како она на британската компанија Детек, која креираше систем со сензори што може да биде инсталиран на паркинзите и да им помогне на операторите да знаат колку слободни места им имаат останато.
Намалување на влијанието на околината
Одамна е докажано дека огромните пространства покриени со асфалт се делумно виновни за тоа што градовите се потопли од околните рурални области.
Токму ова е цел на неколку истражувања, кои по различни основи се обидуваат да ја искористат оваа енергија.
Со проектот Lot 59, паркингот на Аризона стејт универзитетот со површина од 20.300 метри квадратни покриен е со соларни панели, кои произведуваат 2,2 мегавати струја годишно. Доволно да се напојат 550 домови.
Освен струјата што ја произведуваат, панелите им се добредојдени и на возачите чии автомобили постојано се во сенка.
Друга компанија од Аризона работи на нано слој, со кој може да се премачка асфалтот за да се намали апсорпцијата на топлина.
Во исто време, во Калифорнија се работи на асфалт што ќе ги одбива сончевите зраци и ќе ја намали количината на топлина што е апсорбирана.
Тука е и компанијата Новотеч од Масачусетс која работи на план за загревање на водата преку цевки кои би се поставиле под асфалтот на паркинзите.