Џобс е најновиот кретен на Аарон Соркин

Досегашното искуство на Соркин со биографски филмови и типот на карактер на Стив Џобс прават совршен пар за адаптација на биографијата на Џобс.

За да нема забуна, ова е сосема различен филм за Џобс од оној во кој главната улога ќе ја има Ештон Качер а ќе биде режиран од Џошуа Мајкл Стерн. Филмот на Соркин ќе биде базиран на биографијата на Џобс, напишана од Волтер Исаксон.

До сега Соркин имаше три успешни филмски адаптации на вистински ликови, кои имаа одредена решителност во остварувањето на своите цели и кои често ги компромитираа нивните социјални способности.

Војната на Чарли Вилсон

Кретен: Чарли Вилсон

Зошто доби биографски филм: Вилсон, безначаен законодавец од Тексас, успеа да ја промени американската историја додека работеше со ЦИА на наоѓање начин како тајно да ги вооружи авганистанските муџахедини во војната против Советите.

Зошто е кретен: од рецензијата на Њујорк Тајмс: "Вилсон е женкар без покајание. Тип чиј разврат изгледа како повисока форма на галантност." Вилсон истовремено бил познат како женкар и како човек што сакал да се напие и како тип со афинитет за кокаин. "Вилсон беше законодавец од Тексас што многу работи и многу пие. Човек чии лични лакрдии во конгресот и надвор од него, го направија легендарен," напиша NPR по смртта на Вилсон.

Како го искористи ова за да успее: како што беше одглумен од Том Хенкс, Вилијамс е многу по дружељубив од останатите кретени на Соркин. Но како и другите ликови, Вилсон го правеше она што мора за работите да бидат завршени, дури и ако ова значеше однесување на начин кој не им се допаѓа на другите. На пример, сцената со танчарката, каде Вилсон во основа најмува жена да има секс на сцената со негов пријател, додека тој е во дипломатски преговори со израелски и авганистански дипломат. Ова е на граница на навредливо, посебно ако се знае дека работи со религиозни муслимани. Меѓутоа успеа.

 

Социјална мрежа

Кретен: Марк Закерберг

Зошто доби биографски филм: го создаде американскиот сон од една милијарда долари, од студентската соба.

Зошто е кретен: според филмот, тој се закачна со неколку луѓе - близнаците Винкелвос, Едуардо Саверин - додека да стигне до таму кај што е сега. Плус, уште на почетокот со девојка му се однесуваше како кретен. И генерално чуден тип е.

Како го искористи ова за да успее: постерот за филмот кажува се. Да бидеме поконкретни, тој веројатно ја украл идејата од близнаците Винкелвос. Го зафркна Саверин за пари. И првичниот нагон на мрежата беше да се мери која девојка колку е згодна.


Moneyball

Кретен: Били Бејн

Зошто доби биографски филм: како генерален менаџер на Оукланд Атлетикс, Бејн го трансформираше тимот од еден од најсиромашните во тим кој е вистинска конкуренција на богатите клубови.

Зошто е кретен: од рецензијата на Њујорк Тајмс: "препреден ама лабав, Били има физичка грациозност и светли очи на предатор. Тој е изграден за да победува." Дури и пред филмот тој има репутација за неговиот карактер. "Спомени му го Бејн на навивач на Оукланд, и веднаш ќе почнат да ти зборуваат за хипер-компетитивен маж кој фрла столици наоколу, има малку почит за менаџерите и не му е гајле за скаутите од старата школа."

Како го искористи ова за да успее: продолжи да ја тера својата луда идеја, дури и кога луѓето не му веруваа. Тој исто така беше педантен во своето познавање на играта од статистичка перспектива. Потребно е токму такво внимание на детали (и желба за успех) за да се соберат статистики што функционираат.

 

Филмот за Стив Џобс

Кретен: Стив Џобс

Зошто ќе добие биографски филм: Ајфон, Ајпад, Ајпод. По неговата смрт, тој беше споредуван со Томас Едисон.

Зошто е кретен: сте ја читале анегдотата за тоа дека ги натерал работниците на Фокскон да работат екстра смени заради тоа што не му се допаѓал екранот на Ајфонот? А и според ФБИ досието за него, тој и другите вработени не ги третирал со почит.

Како го искористи ова за да успее: токму неговото внимание на детали и перфекционизмот го натера да ги направи омилените Епл производи.

Она што е заедничко за сите овие кретени е нивната неконвенционална личност. Тие се комплексни карактери, чиј ум колку им помагал толку и им одмогнал. Луѓе кои Соркин прави да ги разбереме.

17 мај 2012 - 16:23