Во "Обесчестениот пол: Неопходен манифест за мажот," психијатарот Ралф Бонт пишува дека е крајно време мажите да го најдат своето место во општеството.
"Кога жените почнаа да ги одбиваат нивните улоги, мажите не почнаа да бараат повеќе слобода. Како војници, тие им служат на своите работодавци, на државата, на семејството, се додека не клекнат и умрат. Најголемата грешка на мажите е што не побараа свое место. Животната приказна на мажот може да се сведе на три зборови: кариера, натпревар, колапс," пишува Бонт.
Колку и да звучи субјективно, Бонт има и статистика со која ги оправдува своите ставови. Во просек Германецот живее 6 години помалку од неговата сопруга. Но ова не важи кога стилот на живеење на двата пола е ист, како кај монасите и калуѓерките, кои немале толкава разлика во животниот век.
"Мажите навистина доминираат на врвот на социјалната скала, но исто така и на дното. Хронично болните, бездомниците и имигрантите работници се претежно мажи," порачува Бонт, инаку поранешен истражувач во CERN.
По него, најголемиот проблем е што од мажот се очекува да се справи со расположението и барањата на неговиот шеф, но истовремено да ги исполни и непишаните очекувања на општеството и саканите.
Тој објаснува дека најголемата грешка на "нашите феминистички времиња" е идејата дека постои "каква било слобода во класичната машка животна приказна."