На што се журка Британија

По основа на запленети дроги на музичките фестивали низ Британија, може да се заклучат две работи: 1. луѓето многу помалку се дрогираат и 2. со многу поевтини дроги.

Минатата година е запленет кокаин во вредност од само 21.000 фунти, споредено со 88.000 фунти во 2009-та. Слично е и со канабисот кој минатата година има пад од 75%, а се бележи пад и кај екстази.

Од друга страна голем раст има употребата на кетаминот (средство за смирување коњи) и BZP, кој има слични ефекти на амфетамини.

По фестивали, најголема жетва е направена на Гластонбури каде се собрани дроги во вредност од речиси 45 илјади фунти. Од нив 13.000 биле од BZP, 12.752 од канабис и 8.277, односно 7.088 од кетамин и екстази.

На Isle of Wight и Bestival е собрана најголемата количина на кокаин и екстази, а на трето место кај двата фестивала бил канабисот.

Бројките се собрани по основа на дрогите запленети во 10-те најголеми фестивали во Британија во изминатите 4 години. Вкупната вредност на запленетата дрога е над 200.000 фунти.

21 мај 2012 - 15:54