Идејата е на компанија од Бруклин, која почна да произведува парфеми кои ја имаат аромата на некоја од светските метрополи. Моментално на располагање се Њујорк, Париз, Токио и 16 други градови.
Парфемите генерално се трудат да го опфатат убавиот дел од миризбата на некој од градовите. "Мирисот на Њујорк е дизајниран да прикаже прошетка низ Централ Парк, и мириса свежо. Има пенлива и киселка нота на јаболко," пишува во промотивните материјали.
"Кога ќе спомнеш Њујорк, на памет доаѓа глувци, миризбата на кикирики, хот дог и други јадења што се продаваат на улица. Но Њујорк парфемот воопшто не мириса на ѓубре. Всушност јас никогаш не сум замислувала дека Њујорк може толку убаво да мириса," изјавила Џесика Ричардс, ко-сопственичката на Shen Beauty, фирмата што ги прави парфемите.