MAXIM
Кој тие сметаат дека ги чита: 32-годишни мажи кои прават околу 72.000 долари годишно, по домаќинство
Што можеш да научиш од нив: Дека веројатно си маж хетеросексуалец кој не купува Плејбој или не е доволно компјутерски образован за да ја исчисти историјата на својот веб брасуер. Магазинот е за "брат" публиката, која сака вицови со прдење и слабо облечени жени. Магазин кој на големо го оформи мозокот на младите мажи учејќи ги дека жените треба да се рангираат по тоа колку се згодни, како во нивната "Hot 100" листа и различни пермутации на истата.
ESQUIRE
Кој тие сметаат дека ги чита: 44-годишни мажи кои прават околу 87.000 долари годишно, по домаќинство
Што можеш да научиш од нив: Како да направиш пијачка или како да јадеш како маж, која е најсекси жена на светот и / или како да се облекуваш како алфа мажјак.
MEN'S HEALTH
Кој тие сметаат дека ги чита: 37-годишни мажи кои прават околу 79.600 долари годишно, по домаќинство
Што можеш да научиш од нив: дека веројатно си хомосексуален маж кој се уште не може да купи Плејгрл и не е доволно компјутерски образован за да ја исчисти историјата на својот веб брасуер.
Ама, исто така може си и маж кој може да го изброи процентот на маснотии на неговото тело на една рака, некој што ги сака "јади ова, не јади ова" текстовите и некој на кој никогаш не му досадило да чита статии за перфектни стомачни. Или некој што сака да знае каков вид на машка долна облека најдобро му стои.
DETAILS
Кој тие сметаат дека ги чита: 37-годишни мажи кои прават околу 89.000 долари годишно, по домаќинство
Што можеш да научиш од нив: Дека веројатно си хомосексуалец. Во 90-те, магазинот имаше проблеми за неговата "Геј или..." рубрика, во која генерално инсинуираше дека во основа сите се геј. Магазинот oд секогаш го гледаат како помалиот геј брат на GQ, со статии кои ги "истакнуваа најсекси мускулите кај мажите". А имаше и "Газот е новите стомачни."
GQ
Кој тие сметаат дека ги чита: 34-годишни мажи кои прават околу 77.600 долари годишно, по домаќинство
Што можеш да научиш од нив: Дека Пол Њуман во основа е бог. Дека Роџер Стерлинг знае како да носи сиво одело, дека облекувањето како Џејмс Дин секогаш ќе биде во мода, ама нема да биде подобро од облекувањето како Пол Њумен. И дека облекувањето е супер скапо. А има и статии за политика.