Договорите, кои се уште не се раширени како оние за тоа кој колку пари ќе добие после развод, опфаќаат секојдневни работи од типот - кој ќе пере садови, кој ќе го шета кучето, колку време треба да се заедно или колку време треба да се одделени.
Веројатно најпознат ваков договор има потпишано Закерберг со неговата сопруга Присила Чан. Во него, Марк се согласува дека еднаш неделно ќе излегуваат со Чан и дека во текот на неделата и должи 100 минути да минат заедно и сами, ама не во неговата канцеларија или во апартманот.
Претседателот на Американската асоцијација на адвокати за брак, дава неколку примери за тоа вакви договори.
"Партнерот кој страда од морска болест, му дозволува на својот партнер едно крстарење со брод, годишно. Или, ако едниот партнер ги паузирал студиите за да работи и да го поддржи школувањето на другиот, тогаш со текот на времето тие мора да ги сменат улогите," објаснува адвокатот Кен Алтшулер.