Кирк Хамет изјавил дека групата повеќе не може да си дозволи 2-годишни паузи бидејќи нивните трошоци се премногу големи. Најголеми се трошоците за студиото, потоа се платите за големата екипа што ја имаат и скапата продукција на концертите.
"Некогаш можевме да си дозволиме пауза на концертите, затоа што ни стигаа тантиеми од продадени албуми. Сега ќе го објавите албумот и повремно ќе ви капне некоја пара. Сега студиото го плаќаме од парите продадени на турнеја," изјавил Хамет.