Иако го докажале постоењето на специфична миризба кај старите лица, научниците тврдат дека младите мирисаат далеку полошо. Од сите групи, најлошо мирисале мажите на возраст од 45 до 55 години. Додека жените во истата група, имале најпријатен мирис.
Во истражувањето биле ангажирани 3 групи на луѓе. Една на возраст од 20 до 30 години, една на возраст од 45 до 55 години и една од 75 до 95 години.
Научниците можеле да утврдат разлика во миризбата кај половите во помладите групи, додека кај старите имало само еден, и тоа женски.
"Како што старееш, така повеќе мирисаш на жена. Речиси како да се враќаш на времето пред пубертетот," објаснува првиот човек на истражувањето Јохан Лундстром, според кој ова се должи на промените на нивото на хормони кај мажите.
За испитувањето, учесниците пет вечери спиеле во исти маички, кои преку ден биле замрзнувани за да го спречат развивањето на бактерии кои би можеле да ги расипат резултатите.