Вол Стрит журнал проценува дека вкупно околу 500 лица ќе ја тужат компанијата, заради праксата на News of the world, да прислушува туѓи мобилни.
Иако не е официјална бројка, новинарот на Вол Стрит, се повикува на една изјава на адвокатот на Њуз Корп. кој пред судот призна дека се соочуваат со 500 тужби или потенцијални тужби. Истовремено адвокатот на еден од тужителите го процени бројот на околу 520. Треба да се има во предвид дека и Вол Стрит Журнал е дел од Њуз Корп.
Тужбите се на најразлична сума. Најмногу пари им бара пејачката Шарлот Черч, кој тужи на 600.000 фунти. Има околу 16 "цивили" кои во просек бараат по 40.000 фунти. До сега, новинарите чии телефони беа хакирани во просек добиваа по 25 илјади фунти.
До сега компанијата само на давачки за адвокати, внатрешни истраги и спогодби има исплатено 167 милиони долари.