Радикално запалена уметност

Буџетското кратење на фондовите за уметност, директорот на еден од италијанските музеи реши да го спречи со кратење на резервите на уметност. Со оган.

Пред еден месец, директорот на Музејот на современа уметноста Касорија, го запали првото уметничко дело во знак на протест. Од тогаш, секој ден гори по уште едно.

"Ова е војна за уметноста. Сакаме институциите во Италија и околу светот да разберат дека културата е многу важна. Не е можно секогаш кога има економски проблем во светот, властите прво да удрат на уметноста," изјавил директорот Антонио Манфреди.

Во Италија на уметност се троши само 1% од БДП-то, што е помалку од четвртина споредено со Франција и Германија.

Манфреди прво почнал да гори свои дела, а потоа и туѓи уметнички дела, со дозвола од нивните автори.

23 мај 2012 - 10:13