Тими Џин Линдзи од Тексас денес има 80 години, има правнучиња и вели дека нејзиното искуство со силиконите е главно позитивно.
Таа во 1962 година во болница отишла за сосема друга работа - да отстрани пар тетовирани ружи од нејзините гради но нејзиниот хирург ја убедил дека токму таа е идеален кандидат за неговиот нов револуционерен метод за зголемување на градите.
"Јас тогаш не ни знаев за терминот експериментален глушец па предлогот ми зазвучи како привилегија," се сеќава денес Линдзи.
Подоцна хирургот Френк Героу го публикува нејзиниот случај во медицинско списание и така започнува историјата.
"Некако мажите станаа посвесни за мене, почесто ми свиркаа на улица", вели Линдзи на која градите и биле зголеми за еден број. Сепак, таа цели 20 години никому не кажала дека била на третман. Зошто? "Па, никој не праша," вели Линдзи.
Никогаш немала никакви проблеми, ни со истекување на силиконот ни со останатите можни компликации. Вели само дека со текот на времето силиконите малку се калцифицирале па се поцврсти. До нејзина 70 годишна возраст градите изгледале идеално но потоа веројатно попуштила мускулатурата која ги држи па денес се малку пониски од порано.
Една нејзина внука неодамна морала да оди на целосна реконструкција на градите и Линдзи е одушевена како тие денес изгледаат.
Сепак, вели дека е жално ако се оди на зголемување на гради заради привлекување внимание. Таквите жени, според неа, имаат јадна самодоверба и осудени се да бидат разочарани ако мислат дека силиконите ќе им го сменат животот.