44 годишниот ЕјЏеј Џејкобс мина две години испробувајќи ги речиси сите здрави исхрани, диети и совети до кои можел да дојде. Се од телевизиски доктори и совети до најнови истражувања.
"Една од работите што најмногу ме изненади, е дека најголемиот дел од одржувањето на здравјето се основни работи - јадење свежа и непреработена храна, вежбање, не премногу седење и спиење и да не бидеш нервозен, депресивен или под стрес," објаснува Џејкобс.
На крај од целото искуство, Џејкобс има важна поената: фанатизмот, без разлика за што е, не само што може да биде смешен во одредени моменти, туку може и да ги натера луѓето да отидат во екстремност, кои во конкретниот случај тој ги нарекува "здравствени фундаменталисти."
Џејкобс признава дека целата работа околу што е здраво а што не е, станата е премногу компликувана. По него има два проблеми, прво луѓето читаат тоа што сакаат да го прочитаат, второ секој ден има некое ново истражување за една иста тема.
"Знаеме дека вежбањето е добро. Но верувајте ми, само затоа што бев очаен да не почнам со вежбање побарав и најдов докази дека вежбањето не е добро. Здравјето треба да биде како избирање филмови. Нема да одбереш кој филм го гледаш базирано на една критика, туку ќе видиш што велат сите критичари и ако е во горните 80 - 90 проценти ќе го одбереш. Исто и со здравјето, гледај да ги следиш советите што се во горните 80-90 проценти," појаснува Џејкобс за методологијата што ја користел за решавање на контрадикциите околу тоа што е здраво.
Во целото искуство најизненадувачко за Џејкобс било што луѓето навистина веруваат во работи кои немаат никаква научна поддршка, како магични тревки, ритуали и слични мирудии.
"Постои пракса на трепанација. Ова буквално е од времето на пештерските луѓе. Тие продупчувале дупка во главата на човекот за од нејзе да излезат зли духови. Денес има луѓе кои го пропагираат ова. Можеш да одиш на интернет и да побараш Здружение за трепанација. Неверојатно," објаснува Џејкобс.