Заклучокот се базира на анализа на 3.232 реклами на цела страна објавени во магазини во 1983-та, 1993-та и 2003-та.
"Огласувачите го користат сексот бидејќи е многу ефективен. Сексот продава бидејќи привлекува внимание. Луѓето се научени да забележуваат сексуално релевантна содржина, па рекламите со секс се забележани," објаснува шефот на катедрата за Адвертајзинг и односи со јавноста на Универзитетот во Џорџија, Том Реикерт.
Друга работа што "пали" кај луѓето се повиците од типот "купи го ова," или "добиј го ова."
Анализираните реклами биле собрани од популарни списанија како Космополитан, Редбук, Ексваер, Плејбој, Њузвик и Тајм. Од 3.200-те реклами, 20% имале сексуална содржина, и биле искористени за промоција на најразлични индустрии од алкохол до банкарски услуги. Употребата на сексот во рекламите пораснала од 15% во 1983-та на 27% во 2003-та.
Единствени индустрии кои во својот маркетинг го игнорирале сексот биле добротворните организации и компјутерските компании.