Исфрлена од автобусот, 22 годишната студентка по право налетува на 19 годишниот Џозеф Морен (на сликата) кој веќе има сериозно полициско досие.
Ја силува и ја претепува толку крвнички што подоцна во болница, мајката на студентката не успева да ја препознае својата ќерка.
Снимките од автобусот покажуваат како девојката го моли шоферот да ѝ попушти за 20-те пени кои и недостасувале за карта до дома. Во меѓувреме влегуваат патници, останатите ги слушаат молбите но никој не реагира. На крајот, шоферот дефинитивно не попушта и ја исфрла девојката надвор.
"Некои го осудуваат шоферот но единствениот виновник во случајов е Џозеф Моран. Да не наидеше таа, ќе наидеше некоја друга жртва," вели шефот на полицијата во Нотингемшир.