По нивните математики, оптимумот е половина единица алкохол на ден, што преведено во пијачка е околу 43 милилитри вино (четвртина чаша за вино).
"Иако има добри докази дека умерено пиење алкохол штити од срцеви болести, кога ќе се земат во предвид сите ризици од можни хронични болести, оптималното ниво е далеку под она што луѓето веруваат," објаснува др. Мелани Николс.
Мерката е далеку под препораката на британската влада од 3 до 4 единици алкохол на ден за мажи и 2 до 3 единици за жени.
Доколку се почитува границата што тие ја предлагаат, тоа би го намалило бројот на смртни случаи (само во Британија) за неколку илјади, а ќе има и олеснителен ефект на здравствениот буџет на земјата, од кој годишно само за болести поврзани со алкохолизмот се трошат 3,3 милијарди фунти.