Пљачкањето банки не се исплаќа

На филм можеби завршуваат со полни куфери пари, но, реалноста е малку поинаква: ограбувачите на банки заработуваат помалку од просечен работник.

Анализа на грабежите на банки во Велика Британија покажала дека апаш просечно заминува со 12,706 фунти, помалку од 6 месечна просечна заработувачка во земјата.

Вкупниот плен при ограбување банка во просек изнесува 20.000 фунти, поделено со бројот на учесниците се доаѓа до бројката од 12 илјади.

Во просек, еден од три грабежи завршуваат неуспешно.

Статистиката покажала дека поголеми шанси за успех имаат побројните екипи, но затоа пленот пер капита им е помал.

Како најефикасна заштита се покажале непробојните прозорци кои инстантно се подигнуваат пред шалтерот но, заради нивната цена, само една од 10 банки имаат таков систем.

12 јуни 2012 - 13:36