Инстантната достапност на сите видови на комуникација, ги спречува луѓето навистина да се одморат од својот секојдневен живот, кој сега им продолжува но во само малку порелаксирана околина.
"Не многу одамна, туристите требаа да најдат телефонска говорница или да пуштат разгледница за да се пофалат за својот одмор. Сега само се логираат и испраќаат слики или порака. Истражувањето јасно покажува дека природата на нашето IT однесување во секојдневието, се прелива и на нашиот одмор," објаснуваат научниците од Универзитетот Мичиген Стејт.
Во истражувањето тие откриле дека користењето на безжичен интернет (се мисли на вифи, не 3Г) било поголемо на одмор (40%) отколку дома (25%).