Ќе пукнеме од јадење

5.000 жители на Њујорк секоја година умираат од што се дебели, САД е светски шампиони во дебелина, а светот е пред експлозија на дебелина.

Во 2008-ма Светската здравствена организација преброила дека има 146 милиони лица со претерана дебелина, а 502 милиони биле "само" дебели. Во групата на дебели влегува половина од возрасната популација на Бразил, Русија и Јужна Африка.

Иако САД го држат првото место, тие добиваат сериозна конкуренција од некои дебитанти во дебелината како Панама или Саудиска Арабија.

Колку и да изгледа неверојатно, проблемот со дебелината е многу покомплексен отколку проблемот со глад. Најголемиот дел од последиците на неисхранетоста како сипаници, маларија или дијареја, се решаваат со вакцини или едноставни лекарства.

Од друга страна, дебелината има последици за кои нема едноставни решенија во јавното здравство. Истовремено како што услужните дејности го надминуваат земјоделството како најголем работодавач на светот, луѓето се помалку ќе се движат, заради што ќе треба го намалат и бројот на калории кои ги внесуваат, што нема да се случи.

Освен здравствените проблеми и трошоци, дебелината укажува и на проблемот со гладот во светот, кој според аналитичарите се должи на лошата дистрибуција на храната. Последните анализи покажуваат дека проблемот не е што човештвото не може да создаде доволно храна, толку не може правилно да ја распореди меѓу луѓето во светот.

Во студијата на Лансет се покажало дека односот меѓу приходите и хранливата вредност се пропаѓа кога земјата ќе ја надмине границата на просечни примања од 5.000 долари годишно. Над оваа граница мнозинството има доволно да јаде и може да одбере да јаде претерано.

Што се однесува до храната, се уште живееме во свет на изобилство. Иако се драматични предвидувањата за иднината, во моментов една третина од светското производство на храна се фрла, бидејќи се расипува пред да стигне до потрошувачот.

Она по што дебелината се разликува од другите болести е што прво таа е болест по избор, никој не избира да страда од хронична глад. Второ, може а се направи нешто на оваа тема.

6 јуни 2012 - 10:37