Ерика Баду не е нешто гадлива на голотија. Лани дури и беше казнета за шетање гола по улиците на Далас за потребите на нејзиниот спот Windows Seat (еј, не сте го гледале).
Но, и таа има свои граници.
Она што го видела во спотот на Flaming Lips кој беше пуштен на интернет пред една недела тотално ја згрозило. Ерика едноставно збесна на своите соработници од бендот со кој ја снимаа песната и спотот The First Time Ever I Saw Your Face.
Таа јавно обелодени дека спотот не е она што таа прифатила да биде и дека е пуштен без нејзина дозвола.
"Тоа е како да објавите снимки од безбедносна камера како се пресоблекувам," изјави Баду велејќи дека никогаш не би одобрила толку невкусно и бесмислено шокирачко видео (ќе го видите, не брзајте).
Според неа, иако концептот на спотот уштена почетокот и бил вознемирувачки, решила сепак на Flaming Lips да им даде шанса да го избуткаат надевајќи се дека во монтажа ќе ги средат "незгодните сцени". Бидејќи не сакала да легне во ништо друго освен во вода, за сцените со лажна крв и сперма ја викнала својата помлада сестра Најрок да дублира.
Flaming Lips јавно се извинија што во јавност пуштиле спот кој не е авторизиран од пеачката.
Еве го спотот кој ги скара Flaming Lips и Ерика Баду. Веројатно е јасно дека е многу NSFW.
Инаку, се работи за песна од 1957 година на политички ангажираниот кантавтор Јуан Мекол. Пазете кој се досега ја има обработено: Roberta Flack, Elvis Presley, George Michael, Marianne Faithfull, Kate Havnevik, the Kingston Trio, Harry Belafonte, June Tabor, the Chad Mitchell Trio-Mike Kobluk solo, Gordon Lightfoot, Vern Gosdin, Shirley Bassey, Steven Houghton, Bert Jansch, Maria Taylor, The Easy Club, Peter, Paul and Mary, We Five, Johnny Cash, The Chi-Lites, José Carreras, Michael Sweet, Jeffrey Gaines, Isaac Hayes, Nana Mouskouri, Bradley Joseph, Joanna Law, Richard Marx, Alison Moyet, Stereophonics & Jools Holland, Mel Tormé, Vanessa L. Williams, Mathilde Santing, Cindytalk, Amanda Palmer, Conner Reeves, Christy Moore, Vikki Carr, Brian Kennedy, David Cook, Journey South, Bobby Vinton, Kate Ceberano, Lauryn Hill, Leona Lewis, Gregorian, Wayne Newton, Engelbert Humperdinck, The Temptations, The Smothers Brothers, Johnny Mathis, Paul Potts, Jeffrey Osborne, Andy Williams, Bob Monkhouse, Petula Clark, Harry Connick, Jr., Aaron Neville, Marcia Griffiths (member of the I-Threes), Emily Barker и Matt Cardle.
Се разбира, како и во сите други слични случаи на обработки, најдобрата ја има Џони Кеш: